Данок Дрога
Соочени со економскиот пад, дефицитот во буџетот и битката во која
непрекинато се борат да обезбедат доволно пари за државната каса и да
ги зголемат приходите, властите на американската држава Њујорк
размислуваат да воведат данок на дрога.
Кога ќе се јави дефицит од неколку милиони за пополнување "дупки" во буџетот, локалните власти во САД се обидуваат да бидат инвентивни и да пронајдат нови начини за да ги зголемат приходите. Некои држави ги даваат на лизинг патарините на автопатите, како што тоа го направија Индијана и Вирџинија, или мостарините - како Алабама.
Некои пак ја разгледуваат опцијата за воведување данок на порнографија, а шест од нив веќе и го сторија тоа, или воведување на даночни маркици за џоинти - како што направи Тексас. Дека буквално се може да се исцеди, покажува оданочувањето и на заработката на професионалните спортисти на самите атлетски митинзи, но и бројните американски држави кои им наплаќаат данок и на уличните изведувачи.
Некои од државите имаат и данок на наркотици и слични супстанци. Теоретски, тоа би значело дека наркодилерите би требало да отидат во надлежната државна управа и да си платат даночна маркица. Идејата е дека секој, па дури и оној кој продава забранети супстанци мора да плати данок. Во Њујорк, каде се очекува буџетски дефицит од 4,4 милијарди долари во 2008 година, гувернерот Елиот Спајсер очекува дека оданочувањето на забранетите супстанци ќе му донесе на градот 17 милиони долари приход.

Коментари