НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА
Манијак штипе за цицки и бега
Од МВР апелираат секој што ќе биде нападнат да пријави во полиција за да можат да го откријат идентитетот на манијакот
Манијак на возраст од околу триесет и пет години, среде бел ден ги
напаѓа девојките и жените низ центарот на Скопје, ги фаќа за интимните
делови од телото и во секунда бега назад.
Изминатите две недели голем број припаднички на понежниот пол се
пожалија дека релативно млад маж со костенлива кратко истрижена коса,
ги фаќа за градите или за задникот, ги стиска до болка и бега со голема
брзина. Оние што го сретнале, велат дека често е облечен во бел дрес,
се движи многу брзо и прави големи чекори.
"Поминував пред старото кино 'Култура' кога осетив како некој се
затрчува од зад мене, но ми беше незгодно да се свртам. Тогаш
почувствував удар по задникот, толку силно што дури и подрипнав. Додека
се свртев, човекот што ме удри веќе трчаше назад", раскажува една
нападната млада девојка.
Таа не пријавила во полиција бидејќи и било непријатно да им објасни на
полицајците што и направил напаѓачот. Оттогаш го сретнала уште два
пати, на истото место на улица Македонија, и вели дека со страв минува
од таму.
Девојките кои еднаш или повеќепати налетале на напаѓачот раскажуваат
дека најчесто го среќаваат низ центарот на градот, најчесто на улицата
Македонија. Но има и такви кои за него велат дека се движи низ
Градскиот парк.
Ивица Милошевски, млад скопјанец кој минатата недела додека шетал во
Градски парк со својата дваесетгодишна пријателка, вели дека манијакот
им дошол од зад грб, ја стиснал девојката за градите и избегал.
"Јас бев толку збунет што не знаев дали да останам со пријателката која
се виткаше од болка или да трчам по манијакот", раскажува Ивица.
Во МВР велат дека во полициската станица Беко во Центар досега не е
поднесена пријава против ова лице. Оттаму апелираат до граѓаните кои ќе
се соочат со напаѓачот да го пријават во најблиската полициска станица
за да можат надлежните да го откријат неговиот идентитет и да ги
превземат неопходните законски мерки. (Б.Б.)
Източник
|